Skip to main content

Борба против трговија со луѓе или меѓународен собир на фалбаџии?

Финалната конференција за борба против трговијата со луѓе помина без конкретни решенија. Покрај теоретизирања за проблемот не беа забележани позначителни резултати.

 |  Мишел Наумоски  | 
human trafficing
human trafficing

konferencijaНе треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви.

Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи во овој проблем, но анализата покажа дека сите земји во регионот имаат изградено добра законска регулатива.“-рече Кристина Павловски

Според официјалните бројки на Министерството за труд и социјална политика , за 2010 година, во Македонија биле идентификувани 14 жртви на трговија со луѓе. За ресоцијализација на овие жртви биле задолжени Министерството за труд и социјална политика и меѓународните организации што работат во шелтер центрите. Искуствата од Србија, Косово и Албанија говорат за слично функционирање на институциите кои се занимаваат со овој проблем, но тие напомнаа дека веќе се менува и структурата на жртвите на трговија со луѓе. Во последно време освен женски, како жртви се јавуваат и машки лица, а претежно деца. Тие се почесто се принудени на работа, питање и други кривични дела.

Трговијата со луѓе и натаму останува горлив проблем со кој се соочуваат сите земји во светот, но ваков проблем не се решава преку ноќ. Покрај долгорочното посветување, потребно е и критичко согледување на состојбите, а не само учество на конференции на кои земјите од регионот ќе се фалат со своите достигнувања.

 {loadposition content9}