Skip to main content

Фулбрајтов грант во Охрид

Студентите на колеџот Дејвидсон дознаа за македонската култура, јазик и традиција. Тоа го направи Проф. Др. Ирина Петровска, единствениот добитник од Македонија на Фулбрајтовата стипендија.

 |  Билјана Николовска  | 
Irina Petrovska
Проф. Др. Ирина Петровска

Зимски семестар во САД. Проф.Д-р.Ирина Петровска од ФТУ Охрид, престојуваше во Северна Каролина. Тоа се должи на довербата која и ја даде Стејт Департментот во Вашингтон, со доделување на Фулбрјтовата стипендија. Голема одговорност и гордост е Фулбрајтовиот гранд, вели Петровска. Таа додава дека запознавањето на американските студенти со македонската култура, јазик и традиција е голем напредок за земјава, посебно за Охрид. „Не е лесен патот кој треба да се изоди, за да се стигне до оваа стипендија“, вели Петровска. Многуте откажувања од секојдневните задоволства во животот  се исплатиле, со стекнување висок рејтинг на Колеџот Дејвисон, во САД, додава таа.

На нашето прашање дали постои разлика помеѓу студентите од нашата земја и САД, Петровска со став. „Студентите во светот во основа се исти, но сепак, позитивните карактеристики на нашите студенти доминираат.

Проф. Петровска признава дека нејзината посета во САД, многу допринела тамошните студенти, па и професорите да размислат да ја посетат нашата земја, како би се увериле во потенцијалите за кои таа им зборувала преку презентациите. Петровска, сепак вели, кај и да си, најубаво е да си дома, дочекан со раширени раце.

Бенефитот од Фулбрајтовата стипендија и посетата на САД за Проф. Др.Петроска е голем. Пред се тоа се отсликува во нејзиното професионално збогатување и здобивање со нови сознанија, искуства, нови познаства и создавање на релации за понатамошно меѓукултурно разбирање и соработка. На нејзино место во периодот од 2.08. до 22.12. минатата година, предавањата по англиски на Ф.Т.У.ги извршувал американски Фулбрајтовец, дипломиран студент на Англиска книжевност и лингвистика.

 {loadposition content9}