Skip to main content

Стипендиите Базилеус им отвораат врати на студентите

Со овие стипендии се овозможува мобилност на нашите студенти и можност за студирање во некој од европските универзитети.

 |  Мишел Наумоски  | 
ftu
ftu
ftuСо овие стипендии се овозможува мобилност на нашите студенти и можност за студирање во некој од европските универзитети. Ова се бенефитите од Базилеус 3 стипендијата. Оваа стипендија покрај за студентите важи и за наставниот кадар на ФТУ. 15ти Февруари е крајниот рок за аплицирање за оваа стипендија. Базилеус 3 е достапна за сите студенти кои се редовно запишани на ФТУ. Тие треба да поседуваат серификат за познавање на некој странски јазик, да имаат препораки од одреден број колеги и да имаат пополнето и испратено апликација.
Од ФТУ велат дека стојат на располагање на студентите кои сакаат да аплицираат. Тие им нудат помош во пополнувањето на апликацијата и нејзиното навремено испраќање како и давање на препораки за подобрите студенти.
„Ваквиот начин на мобилност на студентите им овозможува и добивање на кредити и на странски универзитети. Значи она што како идеја е базирана, е запишана во ЕКТ системот сега ќе можат и практично да ја реализираат преку овие програми. Дел од наставата што ќе ја изведат, ќе го реализираат на странски универзитет и со тие кредити што ќе г идобијат таму, тука ќе им бидат признати како такви, и после тоа ќе можат да го продолжат студирањето тука.-рече Проф.Д-р Цветко Андреески од Факултетот за туризам и угостителство.

Бенефитите од Базилеус 3 стипендијата пред се ќе ги почувствуваат студентите. Оваа стипендија им отвара нови врати и им нуди поголеми можности на оние кои ќе аплицираат за неа.

„За стипендијата Базилеус 3 можат да аплицираат сите студенти од додипломските и постдипломските студии. Со добивањето на оваа стипендија, студентите добиваат можност од 3 до 6 месеци да учат на универзитетите во ЕУ, да се стекнат со нови знаења, да научат нов јазик и да запознаваат многу луѓе.“-рече Дарко Максимоски-Претседател на Студентскиот сојуз на ФТУ.

И покрај општо прифатеното мислење дека дипломите од македонските факултети не се признаени надвор од границите на земјата, од ФТУ децидни- „Нашите дипломи се признати и во рамките на ЕУ, а признати се и пошироко. Ние имаме наши студенти кои што завршиле тука, а работат буквално низ целиот свет.“-додаде Проф.Д-р Цветко Андреески

Најголемиот број на студентите во земјава сеуште не се запознаени со бенефитите кои произлегуваат од кредит трансфер системот. Ваквите стипендии помагаат во зголемувањето на искуството на нашите идни дипломци, но пред се, го зголемуваат фондот на нивните знаења.

{loadposition content9}