Skip to main content

Под Самоиловата тврдина ќе се градат куќи

Семејни куќи ќе се градат под Самоиловата тврдина.

 |  Валентина Нелоска  | 
Samoilova tvrdina
Самоилова тврдина

Засегнати жители крајно се револтирани од оваа можност и потсетуваат дека пред години тука за нив било невозможено да градат. Тогашното образложение било дека ќе се наруши автентичноста на градот, а сегашните урбанистички решенија како да не се однесуваат за истиот град, се чудат тие. Прашуваат загрижено што ќе се случи со зеленилото и видикот кој се протега во тој дел на градот. Можноста за подигање на семејни куќи со висина од околу 9 метри кои ќе никнат токму на овој потег ја потврдуваат и од секторот за урбанизам. Нагласуваат дека е многу рано за коментари околу локациите бидејќи измените на урбанистичкиот план за урбана заедница 1 се во тек и сеуште не се усвоени. Раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање Бранко Арнаудов укажува дека околу 10 –тина локации се по барање на Министерството за култура. Со измените на урбанистичкиот план се предвидени локации на државно земјиште за сопствениците на кои како замена за срушените куќи околу амфитеатарот и на археолошки локации се наменти овие локации. Има случаи кога граѓани чекаат и по 15 години на соодветна локација во стариот дел од градот објаснува Арнаудов.
Раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање за можното градење на куќи се повикува на важечкиот детален урбанистички план од 1986 година. Во тек е постапка за измена на урбанистичкиот план за урбана заедница 1. За измените треба да се произнесат сите релевантни институции вели Арнаудов. Без нивна согласност и на советот неможе да се усвојат измените.

Директорот на Завод и Музеј ,Тања Паскали Бунташеска за урбанистичкиот план вели дека на првиот јавен увид не дале согласност и по нивно барање тој се вратил кај изготвувачот на повторна преработка. Паскали Бунташеска смета дека со урбаниот план нема да има нарушувања на автентичниот изглед на Охрид. Но, и покрај сите убедувања јавноста останува загрижена дали некој го слуша гласот на стручните лица да се внимава и да се зачува препознатлиовиот изглед на градот кој е под заштита на Унеско. Во оваа конотација оди и посебниот Закон за Охрид кој остана заглавен во бирократските лавиринти и со кој треба да се штити посебно старото градско јадро. Останува неизвесноста дали донесувањето на овој Закон ќе помогне бидејќи по се изгледа дека по кратко време ќе нема веќе што да штитиме.
{loadposition content9}