Skip to main content

Купете срце-спасете живот

Креативни работилници на Црвениот крст за помош на младиот Илија Јосифоски. Се правеа украсни предмети кои граѓаните ќе можат да ги купат на повеќе места низ градот. Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекување на Илија.

 |  Мишел Наумоски  | 
srcinja
срциња

Креативноста на младите во цврста прегратка со хуманоста. Црвениот крст со нова хуманитарна акција. Неговите членови, како и голем број на доброволци, денес здружија сили во еден заеднички обид да му се помогне на 15 годишниот Илија Јосифоски. Големиот број на учесници во оваа акција само покажува дека луѓето сеуште не се откажале од хуманоста. Се правеа црвени срценца во различни големини и секое од нив со посебна порака.

Срценцата кои беа изработени, симболично ќе се даваат по повод денот на вљубените, но овој пат со една искрена порака и со една поинаква љубов.

crven +„Овие рачни изработки ќе имаат можност да ги добијат сите наши граѓани кои ќе донираат средства на волонтерите кои ќе се обележани со нашето обележје, со црвени или бели елеци и ќе донираат средства во одредени кутии, а за секоја донација ќе добијат некоја од нивните рачно изработени срценца“-изјави Анета Јовановска-Координатор на Црвениот крст од Охрид

Овие срценца ќе се продаваат на градскиот плоштад и по околните кафулиња. Акцијата за нивно продавање започнува уште утре во 12 часот, а продолжува и понеделник во училиштата низ градот. Илче Јосифоски боледува од леукемија. Тој моментално прима хемотерапија која е долготрајна, а треба да се прават и скапи контроли во Солун како и да се обезбеди супортивна терапија од странство.

За оваа цел е отворена и посебна жиро сметка, на име на Миле Јосифоски-таткото на Илче. Семејството Јосифоски и Црвениот крст од Охрид апелираат до вашата хуманост.

Доколку сте во можност, купете срце и спасете срце!

{loadposition content9}