Skip to main content

Затворени кладилници-необновени лиценци!

Како до лиценца за работа? Голем број кладилници не нашле одговор на ова прашање. Измените на законот за игри на среќа ги оскапе лиценците. Добивањето на истите станува уште потешко. Многу кладилници, времено затворени.

 |  Мишел Наумоски  | 
Premier
обложувалница Premier

Како до лиценца за работа? Голем број кладилници не нашле одговор на ова прашање. Измените на законот за игри на среќа ги оскапе лиценците. Добивањето на истите станува уште потешко. Многу кладилници, времено затворени.

Нема лиценца-нема работење! Голем дел од кладилниците во градов останаа затворени. Причина, необновена лиценца. Ако случајно поминете покрај некоја од затворените обложувалници, ќе го видите натписот кој вели дека објектот е привремено затворен поради необновена лиценца. Со последните измени на Законот за игри на среќа, за 5 % поскапеа токму лиценците. Сепак не сите се соочуваат со ваков проблем.

„Ние не се соочуваме со истиот проблем бидејќи е јасно наведено во законот дека тој е од времен карактер, значи важи после 6 месеци. Ние работиме со старата лиценца само што сега директно не задолжуваат со месечниот надоместок кој е замена за тие 4 %.“-рече Билјана Саздова-правник (кладилници Премиер)

Една од измените се однесува и на зголемувањето на основната главнина од поранешните 200 000 на сегашните 500 000 евра. Сепак најмногу реакции предизвика начинот на добивање на лиценцата.

„Променет е и еднократниот надоместок кој се уплаќа на денот на добивање на лиценцата. Досега се плаќаше еднократен надоместок од 100.000 евра, а сега е промената на 105.000 евра одеднаш. Досега 50 % се плаќаа веднаш, а останатите 50 % поделено на 3 сразмерни рати.“-додаде Саздова-правник (кладилници Премиер)

Овој закон претрпе и други значителни измени. Една од позначајните е тоа што од 1ви Јануари 2012 година, сите обложувалници преку единствен компјутерски систем ќе бидат директно поврзани со УЈП која ќе ги контролира сите нивни уплати и исплати.

„Со поврзувањето на централниот компјутерски систем на УЈП, престанува да се плаќа месечниот надоместок од 100 000 ден. за секое уплатно место и се применува одредбата според која ќе се плаќа 20 % од разликата на вкупната уплата и исплата.“-додаде Саздова.

Од кладилницата ПРЕМИЕР велат и покрај сите негативни импликации на овие измени, политиката спрема вработените останува иста. Немало да има никакви отпуштања на вработени. Ќе се снаоѓале најдобро што можат.

{loadposition content9}