Skip to main content

Ако не помагаме, зошто одмагаме?

Каналот „Студенчишта“ најдобро место за риболов на балканот. Во зимскиот период ретко некој од постоечките спортви во земјава може да предизвика голем интерес. Риболовот во Охрид го докажа спротивното. За прв пат во Европа се одржа првото коло од професионалната меѓународна лига „Лов риба со јадица на пливка“.

 |  Билјана Николовска  | 
ribolov
риболов

Охрид деновиве беше домаќин на голем спортски настан. Во организација на СРК Рибарска Вистина, се одржа натпревар во дисциплината „Лов риба со јадица на пливка“. Беспрекорната организација и максималното вложување на спортските риболовци од СРК „Св. Апостол Петар“ докажаа дека Охрид има голем потенцијал за развој на спортскиот туризам. Но жалосно што надлежните не мислат така. Спортскиот риболов во Охрид во моментов е на маргините на интересите на релевантните институции, кои во најмала рака треба да погледнат во вистината и да ги вреднуваат напорите на ентузијастите, вели претседателот на СРК Радован Димитриески.

Идеалните води за риболов на каналот Стрденчишта, ги помати Министерството за одбрана. Нивниот индолентен однос кон барањата на организаторите да се дозволи 4 часа лов на просторот од АРМ кај Центарот за обука на вода не дозволи планираното во целост да се реализира, вели Димитриески.

Натпреварувачите од државава и регионов се изненадени од потенцијалот што го има каналот Студенчишта. Некои од нив за прв пат се во Охрид.

Каналот Студенчишта е идеална патека за натпреварување на 20 екипи. Спортските риболовци велат дека ова натпреварување ќе прерасне во традиција бидејќи интересот и кај странските екипи е голем. Треба само да се обезбедат прописни услови согласно нормативите и растојанието на натпреварувачите да биде од 9-12 метри. Димитриески најави и отварање на Сојуз на спортови на вода кој би застанал рамо до рамо со останатите спортови.

 {loadposition content9}