Skip to main content

Ќе се реконструира некогаш омилената кино бавча

Запуштениот простор каде што се наоѓаше некогаш за охриѓани омилената  кино бавча ќе се обновува. За таа намена ресорното министерство веќе одобри 200.000 денари, пари кои за овој проект ги побарал Центарот за култура.

 |  Валентина Нелоска  | 
kino
кино

kino bavcaЗапуштениот простор каде што се наоѓаше некогаш за охриѓани омилената  кино бавча ќе се обновува. За таа намена ресорното министерство веќе одобри 200.000 денари, пари кои за овој проект ги побарал Центарот за култура. На почеток ќе се инвестира во средување на просторот на кој се планира да се постават 200 монтажни седишта и бина истакнува директорот на Ценатрот, Драгана Боцевска.

„Целта ние да го осовремениме и адаптираме просторот на летната кино бавча кој во моментов е запуштен. Просторот ќе има повеќе наменски активности почнувајќи од фолклорните ансамбли, камерни концерти драмнски престави до проекција на филмови, и сетоа тоа во центарот на градот“.

Покрај овие новини Боцевска најавува од идната година решавање на најгорливиот проблем поврзан со затоплување на Центарот. Планираат изработка на проект со кој ќе аплицираат за трајно решавање на греењето. Сега во зимскиот период за оваа намена добиваат околу 500.000 денари за нафта и  дополнителни пари за струја. Сето ова е голем трошок  но  центарот не може да се загрее доволно заради гломазноста на комплексот објаснува Боцевска.

„Ќе се повикаат стручни лица кои ќе дадат совет за најдобро решение. Можеби тоа ќе биде соларна енергија или топлотна изолација, ќе се бараат алтернативни начини“, истакнува Боцевска.

И додека се очекува да се решат започнатите и планираните проекти, од Центарот во моментов  очекуваат одобрение од министерството за финансии за да го објават огласот за вработување во професионалниот театар. Со него се очекува да се вработат 5-мина акетри и директор на оваа установа.

{loadposition content9}