Skip to main content

Охрид атрактивен за србите

Охрид и Македонија сеуште атрактивна дестинација за Србите. Ова го потврдува заинтересираноста на потенцијалните туристи да го посетат Македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград.

 |  Татјана Маленкова  | 
ohrid
Охрид
Охрид и Македонија сеуште атрактивна дестинација за Србите. Ова го потврдува заинтересираноста на потенцијалните туристи да го посетат Македонскиот штанд, на саемот за туризам во Белград. За време на саемските денови на  посетителите ние како агенција но и општина Охрид кои имаа свој пулт, им понудивме културно уметничка програма и македонско национално јадење“, вели  Владо Сукловски, заменик директорот на агенцијата за развој и подршка на туризмот. Тој додава дека доколку се проценува според посетата на штандот, тогаш годинава треба да очекуваме зголемен број на гости од оваа земја.
Годинава новина е што се размислува за развој и на спортскиот туризам. Поранешниот голман на Партизан и репрезентацијата на Србија и Црна Гора, Ивица Краљ, е човекот кој преку своите контакти ќе се обиде да ни помогне во овие намери.

„ Со Ивица Краљ имавме контакти со моој пријател сопственик на ТА. Минатата година ја разработуваме идејата како Србија ќе биде дестинација од каде ќе доаѓаат спортски екипи со оглед дека има доста гиганти како Партизан, Црвена Ѕвезда , поточно многу спортови. И дојдовме до идејата дека Ивица Краљ како поголем авторитет меѓу спортистите може да биде промотор на спортскиот туризам во Македонија“, вели заменик директорот на агенцијата за развој и подршка на туризмот, Владо Сукловски.

„Мора да работиме на развивање на спортскиот туризам, затоа што за туристичка дестинација како Охрид тоа многу одговара“, вели Сукловски и додава дека  спортистите имаат припреми од јануари до мај, период кога многу туристички места во Македонија се празни.  

Suklo„ Ивица со задоволство ја прими нашата понуда. за време на неговата посета на македонскиот штанд многу посетители се сликаа со него, што покажува дека ова е вистинскиот потег. Тој на покана на хотелот Инекс Горица во Охрид ќе престојува крајот на месец април, почеток на мај, кога ќе ги разгледа спортските терени и капацитети на нашиот град, вели Суковски“, вели замени директорот на агенцијата.

Суковски потенцираше дека и многу од сопствениците на хотелски капацитети се заинтересирани за ваков туризам. Тој додава дека ова ќе биде можност во Охрид уште повеќе да се вложува со што генерално ќе се подигне понудата.

„ Мислам дека ова треба да биде приоритет  во иднина за Охрид. Имаме идеална клима, за развој на ваков тип на туризам“, додава Сукловски.

Ако денот се познава по утрото, а туристичката сезона по заинтересираноста на потенцијалните туристи за посета на нашата земја, тогаш  може да се надеваме дека годинава сезоната ќе биде колку толку подобра во споредба со мината година.

{loadposition content9}