Skip to main content

И Охрид имал свој Ѕид на плачот

Древниот Охрид низ 4 милениумскиот период на континиуриран, градски живот има богата историја. Хроничарите на Охрид низ вековите оставиле бројни записи од настани, градби, личности. Некои од нив живеат, а некои се заборавени.

 |  Валентина Неловска  | 
zid na placot
ѕид на плачот

Древниот Охрид низ 4 милениумскиот период на континиуриран, градски живот има богата историја. Хроничарите на Охрид низ вековите оставиле бројни записи од настани, градби, личности. Некои од нив живеат, а некои се заборавени. Една од подзаборавените стории е и онаа за охридскиот ѕид на плачот. За неа потсетува сегашниот хроничар на Охрид, Владо Ангеличин Жура. Станува збор за некогашниот ѕид висок 2 метри, долг неколку стотина метри, изграден во 1818 година околу црквата Успение на Пресвета Богородица, Каменско. Сторијата за овој ѕид пак е забележана во 19 век, од летописецот Никола Поп Стефанија, кој работел кај некогашниот господар на Охрид познатиот Џеладин бег. Епитропот на црквата, Јон Мизо  побарал изим или дозвола од бегот за Црквата да се загради со ѕид.

„Тогашниот Џеладин бег бил почитувач на христијанската вера и издал таква дозвола. Месокастрани се кренале на нозе, со раце и добиток носеле камен, вар, земја и вода и го изградиле ѕидот околу црквата“. Во Охридските летописни белешки од Никола Поп Стефанија е забележано дека месокастрани со тоа направиле голема јунаштина, ама во работата не им помогнале Власите, биле на печалба во туѓина, раскажува Жура.

До ден денес останала енигма која била намерата на Јон Мизо со изградбата на ѕидот. Но, злобата и омразата за подигнатиот ѕид околу црквата останала да тлее во душата на непријателите. Пизмата се распламтела после 20 –тина години, некаде околу 1835 година потсетува Жура, за да резултира со страшен злочин врз машките членови на семјството Мизо. Женскиот дел од семејството се спасил со бегство низ подземен тунел под црквата.

„ Злосторот како одмазда за подигнатиот ѕид околу Црквата Богородица Каменско, се случил во манастирот Св.Спас, на планината Вишо, на три часа одење пеш од Охрид, кај Горно Лакочереј“.
zid na placotПосле подолго време, потсетува на настанот Жура,  Шереф-бег го фатиле предводникот на качаците, злосторникот, наречен Магаричар.Тој бил обесен на црешова гранка за да ги потсети жителите дека секое злосторство се казнува и дека правдата иако е задоцнета не е заборавена.

„Од тогаш ѕидот изграден околу црквата не бил само плод на мака и пот на месокастрани туку симбол на плачот врз тажната судбина на фамилијата Мизоска“, раскажува Жура. Ѕидот околу црквата, пак останал да потсетува на тоа време,  минувајќи бурни периоди за во еден момент од нашата сегашност  да биде срушен.
Градската архитектка Софија Мизо пред неколку години на местото на некогашниот ѕид на плачот проектира паркинг простор. Она што не го направија непријателите во текот на 2 столетија, ни војните,  ни природните катастрофи го направија луѓето денес, го збришаа ѕидот на плачот, кој некогаш блескотеше на сонцето онака убаво варосан со бела боја, потсетува на тоа  време  Владо  Жура.



{loadposition content9}