Skip to main content

Фестивал на плашицата, по втор пат

Атракција и за гостите и за Охриѓани. Фестивалот на плашицата го дочека своето второ издание. Годинава во убаво пролетно време. Пржената плашица и вкусната рибна чорба ќе ги намамат љубопитните. Фестивалот на плашицата е единствен од ваков вид на европските простори.

 |  Мишел Наумоски  | 
ribari
рибари

plashiciПокрај сите минуси за охридскиот туризам еве и еден плус. Фестивалот на плашицата како нова и невидена атракција на Балканот, па и во Европа. Оваа година се одржува по втор пат, а организаторите ветуваат дека ќе има што да се види и што да се проба. Пржена плашица и рибна чорба подготвени од охридските мајстори за риба, треба да ги привлечат не само туристите туку и пребирливите Охриѓани.

Димитриески дополни дека токму ваква манифестација му е потребна на Охрид, манифестација која ќе биде долгорочна и трајна и единствена на овие простори.

Radovan Dimitrieski„Самиот фестивал ќе се одржи на каналот Студенчишта, главниот дел е од десната страна покрај самиот канал, ќе бидат поставени имитации на охридски куќарки каде ќе се продава пржена плашица во корнети со заштитниот знак на фестивалот по симболична цена од 20 денари, а наспроти нив исто во такви куќарки ќе бидат поставени пивари и винарии кои ќе продаваат пиво и вино исто така по симболична цена. Ќе има и ликовна колонија, ке има уметници кои ќе го сликаат тој настан. Тоа ќе трае од петок до недела.“ –рече Радован Димитриески-Организатор на „Фестивалот на плашицата“

Фестивалот на плашицата ќе добие еден силен охридски печат. Музичари во чунови и кајчиња пловејќи низ каналот ќе свират охридски староградски песни, давајќи му еден поетски изглед на фестивалот. Сепак проектот чека АМИН од Министерството за земјоделство.

„Проблемот е еден кој може да не спречи, а тоа е дека ние правиме фестивал на плашица и ќе го направиме само ако ни дозволат некој да излови за нас 1 тон плашица бидејќи не можеме да правиме фестивал на плашица, а да нудиме лесковачка скара или колбаси. Значи единствен услов е Министерството за земјоделство да ни одобри некои рибари да изловат 1 тон плашица зашто научните установи тврдат дека 200 тони плашица има повеќе во езерото отколку што треба. Или да ни дозволат да увеземе плашица од Албанска страна.“-додаде Димитриески

Организаторите велат дека се спремни и сами да го организираат фестивалот, без никој да им помага, но и да не им одмогнува. И којзнае, можеби во годините што следат, Охрид конечно ќе добие една манифестација која во најдобро светло ќе го отслика нашиот град.

{loadposition content9}