Skip to main content

„Потрошувачите секогаш се во право“ ама си молчат

Граѓаните и понатаму слабо се интересираат како да ги заштитат  своите права како купувачи. Само 300 граѓани лани побарале помош во решавање на проблеми кои ги имале при купувањето  до општинската потрошувачка канцаларија.

 |  Валентина Нелоска  | 
bela tehnika
бела техника

vodichi za potroshuvaciГраѓаните и понатаму слабо се интересираат како да ги заштитат  своите права како купувачи. Само 300 граѓани лани побарале помош во решавање на проблеми кои ги имале при купувањето  до општинската потрошувачка канцаларија информира  Вангел Спироски претседателот на ОП на Охрид.

Според него мал е бројот на граѓаните кои пристапиле кон организацијата, таа брои само 100- тина членови. Поупатените потрошувачи, пак и понатаму се  жалат  на вообичаените проблеми. Поплаките се однесуваат на неисправните технички апарати, прехранбени производи со изминат рок, како и на небезбедните  производи на пазарот, вели  Спироски.

SpiroskiИако граѓаните имаат  проблеми со  банките во однос на зголемување на каматите, или пак се недоволно информирани при потпишување на договорите за кредит, како и во делот на необјаснетите каматни стапки и  бројни скриени трошоци надвор од каматата, тие  не се осудуваат своите нарушени права како потрошувачи да ги решаваат преку организацијата.

Слична е ситуацијата и кон  осигурителните компании, како и за трговците кои нудат награди од одредени производи за направени сметки при купување, тука се и сезонските попусти во продавниците кои најчесто се нереални и се мамка за купувачите. Спироски нагласува дека  нарушените потрошувачки права најчесто ги решаваат со надлежните инспекциски органи. За да се подигне на што повисоко ниво правото на заштита на охридските потрошувачи,  Опм и локалната самоуправа, на крајот од минатата година го формираа локалниот Совет. Во тек е изгласување и на нов Закон за заштита на потрошувачите кој ќе биде во корелација со законските нормативи на Европската Унија.

 {loadposition content9}