Skip to main content

Треба ли Охрид да учествува во проектот на Плаошник?


За ВМРО-ДПМНЕ учеството во овој грандиозен проект законски оправдано, за СДСМ пак, законски неиздржано.

 |  Крсте Голабовски  | 
proekt Plaoshnik
проект Плаошник

PlaoshnikТреба ли Општина Охрид да биде ко-инвеститор во проектот за  изградба на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник? Оваа точка на денешната седница на Советот на општината, предложена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по две долги координации стана дел од дневниот ред. Имено, станува збор за предлог за учеството на општината во проектот за изградба на административните објекти на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник.

Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски со свое видување:-„Општина Охрид треба да земе учество во целокупниот проект и не треба да бега од тоа да биде ко-инвеститор на ваков проект, проект кој значи многу за иднината на нашиот град“.

Но советниците од редовите на СДСМ со дијаметрално спротивен став. Нивниот координатор, Томислав Тунетев вели дека оваа точка излегува од ингеренциите на Советот.

„Во Законот за уредување на градежно земјиште, во членот 85, точно и прецизно стои дека било какво одслободување и намалување на цената за комуналии се исклучиво во ингеренции на Градоначалникот во договор со инвеститорот“, потенцира Тунтев.

sednica na SovetТој додава дека од нивните редови не го спорат значењето на изградбата на административните делови од тој објект, но сепак одлуката оваа точка да се најде на Дневниот ред на денешната седница според нив е едноставно производ на предизборни активности. И раководителот на Секторот за Урбанизам при општината со сличен став. Арнаудов вели дека Советот на општината едниствено може да ја донесе програмата за уредување на градежното земјиште.

„Советот има надлежност во донесувањето на програмата, додека нејзината реализација ја врши Градоначалникот“, дециден е Арнаудов.

Експертите пак велат дека законска регулатива за учество на Локалната самоуправа во овој проект постои, доколку има воља за тоа. Според Законот за Локална самоуправа, Советот на општината може да одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината. Додаваат дека изгласувањето на оваа точка на седница на Советот нема да биде преседан. Таков пример е минатогодишната одлуката од сличен карактер на Советот на Град Скопје, донесена во јули месец со број на решение 07 2470/1, која е од сличен карактер. На денешната седница оваа точка не стигна да биде ставена на гласање, бидејќи седницата беше прекината. Останува да видиме дали за конечниот став на советниците од СДСМ потребна им е дополнителна консултација со првиот човек на градот Александар Петрески, кој денес беше отсутен.

 {loadposition content9}