Skip to main content

Домаќински школи-поздрава животна средина

Вакви цели се промовираат со програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Еко-менаџмент и еко-стандарди за училиштата во Македонија. Ќе се обучуваат како да заштедат финансиски средства, а притоа и да ја чуваат животната средина.

 |  Мишел Наумоски  | 
eko
еко

eko ucilishteВакви цели се промовираат со програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Еко-менаџмент и еко-стандарди за училиштата во Македонија. Ќе се обучуваат како да заштедат финансиски средства, а притоа и да ја чуваат животната средина.

Обуките се дел од програмата за Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем. Имплементатор на оваа програма е Здружението на граѓани ОХО. Ова здружение програмата ја реализира веќе 11 години. Таа е дел од проектот „Немаме резервна планета“

Минатата година со оваа програма биле опфатени 15 градинки, 30 основни и 24 средни училишта. Сите училишта во обуките учествуваат со по тројца претставници.

„Се реализира обука на директор, педагошко-психолошката служба и за еден наставник односно воспитувач-координатор на програмата во нивните институции. Со тоа што тие од ланската година ја имаат спроведено оваа програма во нивните годишни програми за работа, воспоставувајќи еко-менаџмент односно 7 чекори на еко-менаџмент и воспоставувајќи еко-стандарди за одржлив развој во нивните образовни институции.“-рече Зорица Велковска-координатор на програмата

Здружението на граѓани ОХО е член на Фондацијата за еколошка едукација и е национален координатор. Со тоа има право да ги спроведува овие програми, меѓу кои се наоѓа и програмата ЕКО-УЧИЛИШТЕ и ЕКО-ГРАДИНКА.

„Денес се реализираат обуките од втората година. Значи имаме опфатено 30 нови средни училишта кои се денес на обука односно директор, педагог-психолог и еден наставник-координатор, нови 35 градинки, кои вчера завршија, а во наредните денови ќе бидат обуките уште за 120 основни училишта, со што ќе се заврши циклусот обуки за оваа година и во слената учебна година целта е иста, тие треба да ги внесат 7те чекори на еко-менаџмент и еко-стандарди во нивните годишни програми за работа.“-додаде Велковска

Учеството во овие обуки и спроведувајќи ги овие програми, треба да овозможи сите училишта во Македонија да станат дел од Националната мрежа на ЕКО-УЧИЛИШТА. И секако да се постигне крајната цел, а тоа е создавање на една поздрава животна средина за сите нас.

 {loadposition content9}