Skip to main content

Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението.

 |   | 

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението.

Објавата на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека конечно е откриена тајната оти содржината на Фајзеровата вакцина е 99 отсто графен оксид. Како поткрепа на неговото тврдење истакнува дека видеото било цензурирано од Youtube каналот, со што сега, наводно, конечно била откриена вистината.

Youtube ме цензурираше! Погрешна одлука другариЕ ова е ТОА! Тек сега ќе го прошириме насекаде! 99% од содржината на ва* цинa*a е ГРАФЕН ОКСИД Видеото кое само на Балканот се сподели повеќе од 20.000 пати! Овојпат имаме НАУЧЕН ДОКАЗ, овојпат ТАЈНАТА е откриена!…За ова мора да дознаат сите, дури и оние ваши и наши пријатели што веќе се „боцнале“, стои во објавата на постот споделено со видео преземено од StewPeters.tv

Видео се базира на онлајн интервју со д-р Џејн Руби, како што ја именува водителот, економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевстки производи со 20-годишно искуство. Таа во интервјуто се потпира на истражувањето на тим научници од Универзитетот Алмерија од Шпанија, а извештајот го има подготвено професорот Пабло Кампра Мадрид. Во истото видео се тврди дека од таа причина доаѓа до магнетизирачко дејство на организмот и дека тоа е дел од глобален експеримент врз светската популација и поврзување со 5Г мрежата.

„Вистиномер“ веќе има пишувано дека споменатото истражување не дава убедливи научни докази оти вакцината на „Фајзер/Биотек“ против ковид-19 содржи графен оксид, како што наведуваат во интервјуто споделено на Фејсбук. Тоа го поткрепи и со фактот дека вакво истражување нема објавено во ниту една научна студија, ниту, пак, го има објавено самиот Универзитет Алмерија, како што пренесе шпанскиот портал Њутрал.ес.

Академската институција се дистанцирала од оваа претпоставена студија и нејзините заклучоци:

Овој универзитет ниту ги поддржува, ниту ги „споделува“ заклучоците од студијата, бидејќи станува збор за „неофицијален извештај на универзитетски професор за анализа на примерок од непознато потекло со тотален недостаток на следливост,“се истакнува во соопштението од универзитетот објавено на 2 јули.

Во видеото гостинката тврди дека станува збор за вакцината „Фајзер“, при што имало некој во полицијата да ја потврди автентичноста на потеклото на вакцината. Авторот, пак, на извештојот, како што пренесува поратлот Њутрал.ес, признава дека епруветата со течноста, која ја анализирал, пристигнала со достава, но дека не знае од каде доаѓа, односно не можел да го следи патот на пратката. Исто така, појаснува дека лицето кое му го испратило овој наводен пакет е Рикардо Делгадо Мартин, познат по ширењето антиваксерски содржини.

Претставник на „Фајзер“ за Асошиејтед прес ијзавил дека во нивната вакцина нема графен оксид. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во Фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница (не е peer-reviewed), ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија.

Сублимирајќи ги сите информации, може да се констатира дека постот со видео објавата шират дезинформации поврзани со составот и квалитетот на вакцините. Графен оксидот не е на листата состојки во вакцината против ковид-19. На македонската официјална страница за вакцинација го има целосниот состав и сите компоненти на вакцините. Тие може да се пронајдат на овој линк. Од приложените документи може да се види дека во составот на вакцината на „Фајзер-Бионтек“ нема графен оксид.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар