Skip to main content

Никој не може да добие ковид од вакцината – во неа нема жив и активен дел од вирусот

Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација во земјата.

 |   | 

Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација во земјата.

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се апелира децата да не се даваат во рацете на фармакомафијата.

Млади, здрави, НИКОГАШ немале КОВИД, после пелцување добиле болест… КОВИД и СМРТ Продолжува полициското насилство, принуда, уцена, медиумско перење мозок, закани… ТОТАЛИТАРНО ЕДНОУМИЕ, ДИКТАТУРА, ЗЛОУПОТРЕБА НА МЕДИЦИНАТА СО ФАШИСТИЧКИ МЕТОДИ! ЗАРЕМ УШТЕ НЕ ВИ Е ЈАСНО, ДЕКА ВАШЕТО ДЕТЕ Е СЛЕДНО??, се вели во постот.

Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид. Тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација во земјава. 

Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Некои луѓе, кои примиле вакцина, пријавиле лесни до умерени несакани ефекти, вклучувајќи болка на местото на инјектирање, замор, главоболка и болка во мускулите. Не секој добива несакани ефекти. Но, ако добие, тие се нормални и знак дека вашето тело ја гради својата одбрана од вирусот, се вели на официјалната страница за вакцинација.

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори. Хив-позитивното лице е заразено од ХИВ што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ-позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способно за физичка работа или која било друга активност. Вирусот најчесто се пренесува преку полов однос, а има случаи каде што е пренесен преку доаѓање во контакт со заразена крв, преку заразена мајка во текот на бременоста (каде што вирусот се пренесува на детето), преку доење на дете од страна на заразена мајка, пораѓање итн. Вирусот не може да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни.

ХИВ не може да се пренесе: со гушкање, ракување, бакнување (ако заразениот нема ранички во устата), кашлање и кивање; со користење на јавни говорници, јавни тоалети, базени; со дружење,спортување и работење со ХИВ инфицирано лице; преку облека, храна подготвена од ХИВ инфицирано лице; преку комарци и други инсекти.

Од ова произлегува дека ХИВ и ковид се различни и поради тоа што начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ и обратно. Вакцината не содржи живи делови од вирусот ковид, ниту пак, активни делови од вирусот ковид. Не може да се добие ХИВ ни од вакцина против ХИВ, а камоли од вакцина против ковид.

Во постот што го рецензираме се известува за смртта на млада 13-годишна девојка Ариана, која, според написот, починала часови по примањето на втората доза од „Фајзер“. Настанот е нов од 30 септември, така што истрагата е во тек и уште не е потврдено дека постои причинско-последична врска меѓу смртта и вакцината.

Медиумите веќе известуваат дека обдукција ќе биде изведена од страна на доктор Џиовани Серио, началник на болницата Вито Фази, и од страна на јавен обвинител Алберто Торторела, за да се појасни дали има корелација односно причинско последична врсак меѓу администрацијата на втората доза од вакцината на Фајзер и неочекуваниот кардијак арест кој настанал 24 часа подоцна кај девојчето. Поради обдукцијата, одложен е и погребот на Аријана. 

ВАКЦИНАЦИЈАТА Е ДОБРОВОЛНА, А НЕ ПРИСИЛНА

Што се однесува на делот од постот каде што се вели дека продолжува „полициското насилство“, „принуда, уцена, медиумското перење мозок и закани, тоталитарно едноумие, диктатура и злоупотреба на медицината со фашистички методи“, фактите се следните:

Во РС Македонија нема полициско насилство поврзано со спроведување на ковид мерки или вакцинација. Никој никого не принудува да се вакцинира. Вакцинацијата е слободна волја, меѓутоа зачувувањето на јавното здравје е одговорност на здравствените власти. Значи, во земјава вакцинацијата е на доброволна основа, не постои притисок и закани да се прими вакцина. Сепак, тој што не сака да се вакцинира може да биде соочен со ограничување на јавните места и настани на кои што може да пристапи, особено онаму каде што има големи гужви. Здравствените власти апелираа да се вакцинираат сите, дека вакцините се безбедни и ефикасни, дека со поголем број вакцинирани граѓани ќе може да се обезбеди колективен имунитет.

Но, закана и принуда за вакцинација нема ниту за децата ниту за возрасните. Возрасните се вакцинираат со писмена изјава којашто самите ја потпишуваат, а децата се вакцинираат со одобрение од родител.

Поради сите горенаведени факти како невистинити ги оценуваме тврдењата во постот дека со вакцината може да добиете СИДА и ковид, како и тоа дека се спроведуваат закани и уцени за вакцинација на децата и на возрасните.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар