Skip to main content

Неговата Светост Папата Францискo пристигна во Скопје

Неговата Светост Папата Францискo пристигна во Скопје, се сретна со верските лидери од земјава и благослови граѓани од ранливите категории. Потоа тој на Плоштадот Македонија одржа света литургија на која присуствуваа граѓани од земјава и странство. Папата од Скопје упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето.

 |   | 

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Францискo во рамки на апостолската посета на Република Северна Македонија, прво оствари средба осо претставниците на државниот врв,претставници на дипломатскиот кор и пред претставниците на граѓанското општество и медиумите при што се заблагодари за можноста што му се укажа да ја посети нашата земја, и која доаѓа како прва посета на еден наследник на Апостол Петар на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи на Република Северна Македонија со Светиот Престол. Тој истакна дека:

– „Вашата земја е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде што се слеваат многу културни струи, каде што се обединуваат многуте карактеристики на овој регион, но дека дека ова културно богатство е само огледало на вашето најценето и најважно наследство: мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на ликот на вашиот народ, плод на богатата историја, и комплексните односи низ минатите години“.

Потоа Папата Францискосе упати кон дворот на Меморијалниот центар „Мајка Тереза”, каде се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории. Во кусото обраќање, сестрата од редот на Мајка Тереза, му посака добредојде на Неговата Светост Папата Франциск, нагласувајќи дека посебно и е мило бидејќи Скопје е родното место на големата Светица, Мајка Тереза. Потоа Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск служеше миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје.На мисата присуствуваa околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство. Папата на плоштадот дојде со популарниот папамобил, каде што беше пречекан од голем број граѓани.

Скопскиот бискуп и епарх на новата Струмичката епархија монсињор Киро Стојанов, се заблагодари на посетата и најави дека ќе се подигне спомен обележје на апостол Павле во селото Паљурци. По литургијата, папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.