Skip to main content

Меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019“

Во организација на Таеквон-до клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец, викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019“.

 |   | 

Во организација на Таеквон-до клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец, викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир „Охрид Опен 2019“.

Во сабота во Охрид се очекуваат 200-250 натпреварувачи од Бугарија, Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Австрија и домаќинот Македонија.

– Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Охрид, д-р Константин Георгиески. Судењето ќе биде електронско, под водство на Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VI дан, генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, потпретседател на судиската комисија за југоисточна Европа. Борбите ќе можат да се гледаат во живо преку Live Streaming, вели Марјанчо Лазаревски претседател на клубот, а воедно и на Македонската ИТФ, носител на црн појас V дан, светски вицешампион од Прага во 1996 година.

Тој испраќа благодарност и до охридската компанија „ПН Метал“ и општина Охрид за нивната подршка на овај настан.