Skip to main content

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Делегација на градот Гиватауим од Израел, предводена од заменик градоначалникот Тали Аргаман, оствари средба со градоначалникот Константин Георгиески.

 |   | 

Делегација на градот Гиватауим од Израел, предводена од заменик градоначалникот Тали Аргаман, оствари средба со градоначалникот Константин Георгиески. Средбата доаѓа како резултат на веќе воспоставената добра соработка помеѓу Охрид и државата Израел.

Во фокус на средбата беше продлабочување на соработката помеѓу двата града, во повеќе области, која понатака би се официјализирала со збратимување на Охрид и Гиватауим.

Градот Гиватауим се наоѓа источно од Тел Авив, а неговото име значи два рида. Популацијата во градот е околу 59 илјади жители. Во рамки на градот Гиватауим , функционираат едни од најдобрите универзитети во Израел и воедно е град со највисока стапка на ученици коишто своето образование го продолжуваат на факултетите.