Skip to main content

Промоција на книгата „Херојска/еротска книга“ на Марта Маркоска

Недела, 20:00 часот, во Кафѐ и Бар “Шила“ поетесата Марта Маркоска ќе одржи оригинална сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book) во издание на “Матица ексклузив“.

 |   | 

Недела, 20:00 часот, во Кафѐ и Бар “Шила“ поетесата Марта Маркоска ќе одржи оригинална сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book) во издание на “Матица ексклузив“.

Промоцијата е насловена “Соба од совршени оргазми“ а авторката ве повикува да дојдете и да проверите дали навистина ќе биде таква.

„Читателу, биди подготвен – во оваа блескава книга поезија живее искрен и копнежен глас, незасрамен од своите примални нагони, модерен како машина за миење садови и древен како оганот на предхеленската душа. Гласот на Маркоска е глас кој се судира сам со себе, смел и еротски“, стои во рецензијата на Џорџ Валас, писател резидент во Родната куќа на Волт Витман, САД.

Претстојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.