Skip to main content

За едно деноноќие на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  21 лица, а за останатите се земени податоци  и ќе следуваат соодветни мерки. 

 |   | 

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.