Skip to main content

Четири угостителски објекти во Охрид ги прекршиле протоколите за отворање и работа на угостители

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 4-9 јуни, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.

 |   | 

„Од специфичните наоди при извршените контроли во трговски објекти на големо и мало, угостителски објекти, бензински станици, банки, пошти и обложувалници, инспекторите детектирале вкупно 15 прекршувања на протоколите за отворање и работа на угостители, за што се предложени и соодветни кривични санкции за четири објекти во Струмица и Дојран, за четири објекти во Охрид, два објекти во Гостивар, по еден објект во Битола, Струга, Пониква, Маврово и Прилеп. Воедно констатирани се и вкупно 20 прекршоци во трговија за непочитување на одлуките за лична заштита и ред или за прекршување на уредбата за замрзнати цени, при што е укажано на правните лица и веднаш постапено“, посочи претседателката на Инспекцискиот совет.