Skip to main content

Утревечер премиера на претставата „Ај да си речиме уште една“ на Youtube каналот на охридскиот театар

Утревечер на YouTube каналот на охридскиот народен театар премиерно ќе биде прикажана претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски.

 |   | 

Утревечер на YouTube каналот на охридскиот народен театар премиерно ќе биде прикажана претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски.

Претставата, која е особено атрактивна, премиерата ја имаше при крајот на на 2011 година и за секоја наредна изведба се бараше билет повеќе.

Во неа се зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика.

Улогите ги толкуваат:
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.

Online премиерата на претставата „Ај да си речиме уште една“ е во 21:30 часот.