Skip to main content

Македонските фудбалски херои добија уште една химна

ДНК го објавија официјалното видео за нивната нова песна насловена „Македонија на Европско“ која ја посветуваат на македонските фудбалски хеори.

 |   | 

После официјалната химна на ФФМ, македонските фудбалски херои добија уште една песна. Станува збор за новата песна на познатато дуо ДНК, која носи наслов „Македонија на Европско“.

Симпатичната мелодија и текст ги збогатува спотот во кој се појавуваат познати личности како на пример Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Ферус Мустафов, Наум Петрески, Кристијан Станковски-Бомбакис, Тони Михајловски, коментаторот Тони Стојановски и многу други.

Се појавуваат и многу македонски спортски јунаци од другите спортови. Песната почнува со видео-повик од Кире Лазаров кој им посакува одличен настап на фудбалерите, а потоа се појавуваат и поранешниот НБА кошаркар Перо Антиќ, одбојкарските репрезентативци Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов, кошаркарот Војдан Стојановски, ракометарот Дејан Манасков…

Покрај сите нив во спотот се појавуваат и дел од фудбалерите како Елиф Елмас, Столе Димитриевски, Џани Алиоски, Дарко Велковски, Илија Несторовски, Енис Барди, Висар Муслиу, Бобан Николов, и нормално, селекторот Игор Ангеловски.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Панчо и Лазар Цветкоски.