Skip to main content

Роналдо отвора хотел од 13 милиони евра во Мадрид

Еден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо во моментов изгледа воопшто не размислува на фудбалот иако се ближи почетокот на ЕП.

 |   | 

Мегапопуларниот Кристијано кога фудбалска Италија размислува дали ќе го напушти неговиот сегашен клуб Јувентус, целото внимание го вперил во Мадрид каде отвора супер луксузен хотел од 13 милиони евра.
Во екот на подготовките за настап на ЕУРО 2020, Роналдо ги прави завршните работи за свеченото отворање на еден од најлуксузните хотели во Мадрид, новиот „Pestana CR7 Gran Via“. Отворањето е закажано за 7 јуни.
Конечно одбројуваме до нашето отворање.Забавен начин на уживање во погледот на Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте веднаш и бидете меѓу првите кои ќе го доживеат ова искуство, се пофалил Роналдо.
Хотелот од 13 милиони евра ќе биде третиот по ред на Кристијано Роналдо, но прв во Шпанија, бидејќи капитенот на Португалија веќе има два хотела во својата родна земја.
Овој хотел на десет ката ќе има 168 луксузни соби. Деветиот кат ќе биде резервиран за оние кои не се гости на хотелот. Тука ќе биде сместен спортскиот бар.
Наскоро Роналдо ваков хотел ќе отвори и во Париз, Њујорк и Манчестер.