Skip to main content

ЌЕ СЕ СНИМА БИОГРАФСКИ ФИЛМ ЗА МАДОНА

Мега ѕвездата Мадона сподели неколку фотографии на својот Инстаграм, на кои се гледа како прегледува работна копија од сценариото за нејзиниот претстоен биографски филм.

 |   | 

Мега ѕвездата Мадона сподели неколку фотографии на својот Инстаграм, на кои се гледа како прегледува работна копија од сценариото за нејзиниот претстоен биографски филм.

Благодарност за успехот на госпоѓата Х, што моето сценарио е речиси завршено и на поддршката на моите прекрасни деца – напиша Мадона.

Пред околу еден месец познатата пејачка потврди дека мистериозниот проект што го работеше во текот на целиот карантин со оскаровецот Диабло Коди, всушност е филм за нејзиниот живот. Фокусот на приказната е за нејзината борба како уметник што се обидува да преживее во машкиот свет како жена.

Во филмот се зборува и за Енди Ворхол, Кит Харинг, Жан-Мишел Баскија, Мартин Бургојн и за целото доаѓање како уметник во Менхетен, центарот на градот, Лоуер Ист Сајд во раните 80-ти. Искрено, тоа во исто време е едно од најдобрите времиња во мојот живот и едно од најлошите времиња. Се надевам дека ќе можам да прикажам или изразам какво возбудливо време беше за мене во секој поглед – изјави Мадона.