Skip to main content

Општина Охрид

Охрид го чествува големиот револуционер Христо Узунов

Делегации положија свежо цвеќе на спомен обележјето на Христо Узунов во градскиот парк во Охрид.
 |  инфодеск  | 

Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во градскиот парк.

Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.

Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“  го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.