Народниот театар од Битола вечерва гостува на „Охридско лето“
Народен театар Битола ja носи на „Охридско лето“ театарската претстава „Бакхи- Краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид, а во режија на Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Станува збор за длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет.