Skip to main content

Светското првенство во фудбал во Катар специфично по многу нешта

“Трошиме околу 500 милиони долари неделно”

 |  инфодеск  | 

Катарските власти трошат 500 милиони долари неделно за да ги завршат сите планирани проекти до почетокот на Светското првенство во фудбал кое во 2022 година ќе се одржи во таа земја од 21 октомври до 18 декември.

“Трошиме скоро 500 милиони долари неделно и така ќе биде додека не се завршат работите. Вкупната пресметка изнесува околу 200 милијарди долари”, рекол катарскиот министер а финансии Али Шариф Ал-Емади.

“Не сакаме да се доведеме во ситуација да ги средуваме стадионите, а првенството да започне и луѓето да пристигнуваат во нашата земја”, рекол катарскиот министер.

 Али Шариф Ал-Емади открил дека не се градат само стадиони, туку и патишта, железница, хотели, нов аеродром, болници…

“Парите се обезбедени иако цената на нафтата значително падна”, додал Ал-Емади.

На прашањето дали ова ќе биде најскапото Светско првенство во историјата, министерот одговорил:

“Во комплетната инфраструктура вложуваме 200 милијарди долари, меѓутоа ако ги сметаме само објектите за СП, тогаш нема да биде најскапо”.

Катар за СП гради 10 стадиони, од кои седум ќе бидат потполно нови, а три ќе претрпат обнова и зголемување на капацитетите.

Катар е трета земја во светот по резерви на гас, а оваа држава има повеќе од 25 милијарди барели на нафта во резерва. Нафтата и гасот чинат 85% од приходите и преку 50% на БДП.

Катар во 2016 година прв пат во последните 15 години забележа пресметковен минус поради падот на цената на енергенсите.