Skip to main content

Луис Хамилтон доминантен во Кина

Вкупно петта победа во Кина, нешто кое не му успеало на ниту еден возач во Формула 1 

 |  инфодеск  | 

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда на Кина, втората трка од новата сезона во шампионатот на Формула 1.

Хамилтон на патеката во Шангај суверено стигна до првиот трофеј сезонава, откако водеше од самиот почеток па до крајот на трката. За него ова е вкупно петта победа во Кина, нешто кое не му успеало на ниту еден формула 1 возач досега.

Британецот стартуваше од пол позиција и остана на првата позиција по стартот. Одличен старт имаше Ферстапен кој успеа да стигне до втората позиција. Фетел падна на петата позиција, па го помина својот клупски колега Кими Раиконен, а неколку круга подоцна и Рикиардо, па стигна до третата позиција. Германецот брзо му се приближи на второпласираниот Ферстапен кој без борба го предаде второто место на Фетел. Вториот возач на Мерцедес, Ботас направи грешка при излегувањето на сејфти кар возилото и падна неколку позиции. И после заминувањето во пит стопот на Хамилтон немаше промена на лидерската позиција. Ферстапен шест круга пред крајот во борбата за третата позиција го помина својот клупски колега Рикиардо за искачување на подуимот. Луис го одржуваше водството до крајот на трката пред Фетел и победи на трката во Кина.

Конечен редослед за Големата награда на Кина:

1.Луис Хамилтон – Мерцедес
2.Себастијан Фетел – Ферари
3.Марк Ферстапен – Ред Бул
4.Даниел Рикиардо – Ред Бул
5.Кими Раиконен – Ферари
6.Валтери Ботас – Мерцедес
7.Карлос Сајнц – Торо Росо
8.Кевин Магнусен – Хас
9.Серџо Перез – Форс Индија
10.Естебан Окон – Форс Индија