Skip to main content

Ферари ја стартуваше новата сезона со триумф во Австралија

Следната трка се вози на 8 април за големата награда на Бахреин

 |  инфодеск  | 

Ферари го најавуваше пред почетокот на сезоната, a го демонстрираше на првата трка во новиот Ф1 шампионат. Италијанскиот тим имаше одлично издание на трката за големата награда на Австралија. На патеката во Мелбурн, првото место го освои Себастијан Фетел, додека Кими Раиконен заврши на третата позиција.

Помеѓу двата болида на Ферари, на второто место се пласираше актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, кој имаше пет секунди заостанување зад победникот, а една секунда пред третопласираниот Финец.

Поени на првата трка уште освоија Даниел Рикиарко кој заврши на четвртото место, а потоа редоследот беше Фернандо Алонсо, Макс Верстапен, Нико Хулкенберг, Валтери Ботас, Стофел Вандурн и Карлос Сајнц, кој заврши на 10 место во Мелбурн.

Следната трка се вози на 8 април за големата награда на Бахреин.