Skip to main content

Во хеликоптерска несреќа загина легендарниот Коби Брајант

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа.Во несреќата животот го загуби и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и седум други лица.

 |   | 

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа.Во несреќата животот го загуби и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и седум други лица.

41-годишниот Брајант бил на пат за кошаркарски натпревар на кој требало да игра ќерка му. Веста за смртта на кошаркарската супер ѕвезда предизвика голема тага ширум светот. Пред Сетјплс центарот, домот на клубот Лос Анџелес Лејкерс, фановите оставаат цвеќе и пораки со кои се збогуваат од својот суперстар.

Брајант играше активно 20 години, а кариерата ја заврши во Лос Анџелес Лејкерс. Постигна 33.643 кошеви, со што стана четврти најдобар стрелец на сите времиња во НБА лигата, а двапати беше и олимписки победник.