Skip to main content

Месец на припреми на фудбалските подмладоци од клубовите од соседните држави во Охрид

ЈП Билјанини Извори успешно ја продолжува соработката со Српската агенција Спорт плус од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми.

 |   | 

ЈП „Билјанини Извори“ успешно ја продолжува соработката со Српската агенција Спорт плус од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми.

Имено од 02.02. до 02.03. 2020 година Охрид и СРЦ “Билјанини Извори” се домаќини на три фудбалски клубови, ФК Црвена Звезда, ФК Вождовац и ФК Графичар со повеќе од 200 фудбалери генерација 2004 и 2005. Покрај организираните припреми фудбалските тимови ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари со наши генерациски соодветни фудбалски клубови и школи. СРЦ “Билјанини Извори” во 2020 година во континуитет е домаќин на фудбалските тимови од соседните држави, Р. Србија, Р. Албанија, Р. Бугарија и Р. Косово.

Ако месец јануари беше припремен месец на сениорските фудбалски тимови месец февруари слободно можеме да го именуваме како месец на припреми на фудбалските подмладоци од клубовите од соседните држави.