Skip to main content

Утрински тренинг на македонските фудбалери во Букурешт

Македонската репрезентација напорно се подготвува за првиот натпревар на Европското против Австрија кој ќе се одигра в недела.

 |   | 

Од пред неколку дена нашите репрезентативци се во Букурешт и веќе одржаа неколку тренинг сесии. Денешниот собир на „Националната арена“ беше уште една можност за Игор Ангеловски да ги подготви своите избраници за она што следува.

Кога не се на терен, македонските фудбалери прават видео-анализи на противниците во групната фаза. Засега завршните подготовки се одржуваат без никаков проблем, што се надеваме дека ќе биде случајот и во текот на утрешниот ден.