Skip to main content

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Откако беше јасно дека заминува во Јувентус, како главен кандидат за неговиот потпис фигурираше Манчестер Сити, но „црвените ѓаволите“ влетаа во трката и лесно се договорија со Португалецот за негов кам-бек. 

 |   | 

Клубот и официјално потврди дека се договори со Јувентус за трансферот, а Роналдо ќе парафира двегодишен договор на „Олд Трафорд“. Ѕвездата веќе замина од Торино, се работи на комплетирање на документите на Роналдо, па тој ќе ги мине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договорот. Засега не е позната формата на трансферот, но се шпекулира дека Јувентус ќе добие 15 милиони евра веднаш и уште осум во потенцијални бонуси.

Според најавите, еден од клучните луѓе во оваа операција беше Сер Алекс Фергусон, кој наводно го убедил Роналдо да се врати во Јунајтед. Покрај него, проработе и португалската врска преку Бруно Фернандеш, кој истотака одигра важна улога во трансферот.

Роналдо ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед од 2003 до 2009 година, кога замина во Реал Мадрид. Во дресот на „ѓаволите“, Роналдо запиша 292 натпревари, постигна 118 погодоци и освои трофеј во Лигата на шампионите, како и три титули во Премиер лигата и бројни купови.