Skip to main content

Македонија во црвени дресови вечерва против Ерменија

Вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот, ја дочекуваме Ерменија и тоа во меч од 4.коло во нашата квалификациска група Ј. Досега имаме две победи, над Лихтенштајн и онаа епската над Германија, поразени бевме само во Букурешт во тој мартовски циклус. Значи со триумф вечерва над Ерменците ние можеме да бидеме на делба на првото место во групата.

 |   | 

Македонија ќе биде домаќин на Ерменија во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022.

Нашиот национален тим ќе ја започне авантурата со новиот селектор Благоја Милевски. Без Горан Пандев и со неколку новитети во тимот, македонската репрезентација ќе се обиде да ја продолжи серијата позитивни резултати во овој циклус.

Популарните „рисови“ ќе истрчаат на терен со црвени дресови. Противникот, пак, ќе се појави на „Тодор Проески“ во бела гарнитура.

Натпреварот започнува во 20:45 часот и ќе биде прва шанса за успех на македонските фудбалери, по настапот на Европското првенство ова лето.