Skip to main content

Манчестер Јунајтед

Роналдо шокиран во Швајцарија

Манчестер Јунајтед доживеа изненадувачки пораз од Јанг Бојс во првото коло од ЛШ. Севиља ремизираше со Салзбург.

 |  инфодеск  | 
Фудбалерите на Јанг Бојс го направија првото големо изненадување во новата сезона во Лигата на шампионите. Најдобриот швајцарски состав се избори за сензационален резултат против премиерлигашот Манчестер Јунајтед и тоа со пресврт во второто полувреме.Се започна добро за „црвените ѓаволи“ кои поведоа со 1-0 со голот на Роналдо во 13 минута.Меѓутоа во 35 минута Ван Бисака направи голема глупост и заработи црвен картон по кој четата на Солскјер потона во Берн. Токму Солскјер повлече некои потези со кои Јунајтед максимално се повлече и му ја препушти играта на противникот кој знаеше тоа да го искористи.Се играше 66 минута кога Нгамелеу израмни на 1-1 за да во 95 по една катастрофална грешка на Лингард домаќините преку Сибачеу се изборат за триумф и големи три бода.На втората средба Севилја и РБ Салцбург одиграа без победник 1-1. Четири пенали беа досудени во првиот дел, два од нив беа реализирани за 1-1. Во вториот дел мрежите мируваа иако Севилја од 50 минута играше со играч помалку по исклучувањето на напаѓачот Ел Несири.