Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје
Општина Струга не презема активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Министерот за транспорт и врски, Бочварски, најави посета на општината и разговори со струшкиот градоначалник за да види кои се намерите на општината во спроведување на препораките за заштита на езерското крајбрежје. Порача дека не е поборник за одземање на ингеренциите на општината во сферата на урбанизмот, но законите мора да ги почитуваат сите.