Skip to main content

Од 2009 година воведување на системот „Бруто плати“

Со тоа преднос ќе имаат работниците, тие ќе знаат колкава е нивната збирна плата. Со бруто платите ќе ја земаат сегашната  нето плата, плус хранарина и патни трошоци.

 |  Билјана Ќосеска  | 
sistem bruto plati
sistem bruto plati
Воведувањето на системот- бруто плати ќе направи бројни реформи во државава. Од пракса во европските земји овој начин на плата во Македонија ќе се примени од 2009 година.  Бруто платата е збир на сите парични средства  што работодавачите се должни да им ги плаќаат на работниците во текот на еден месец. Тие ќе ја земаат сегашната нето плата плус хранарина и патни трошоци. Сеуште не е прецизирано колкава ќе биде платата на работникот доколку  работодавачите имаат обезбедено превоз и храна. Сојузот на синдикати на Македонија, ќе  настојува  и по воведување на новиот систем, нето платата да остане иста или да биде повисока од сегашната. Овие заложби се потешко остварливи кај приватните работодавачи, сметаат од ССМ.

„Бидејќи на бизнис заедницата неможе да и се нареди да ја зголеми платата, затоа ние бараме да се утврди минимална плата со закон, за да не се случи работниците да земаат плата од 3-4 илјади денари„- вели Лилјана Јанкулоска одССМ.

Предностите на системот на бруто плата се бројни а пред се се во корист на работниците. Но сепак, со тоа самите ќе имаат увид колкава е нивната збирна плата, а истовремено им се дава можност, но и лична обврска сами да ги плаќаат обврските врз основ на персонален данок на доход и за социјални приноси. Програмата за воведувањето на бруто платата сеуше не е финализирана и отвора многу значајни прашања, смета професорот Мирко Трипуноски од факултетот за општествени науки.

Стручните лица се надева дека воведувањето на бруто платите позитивно ќе влијае и врз намалување на стапката на сивата економија, бидејќи ќе се воведе подобра евиденција на сите работници кои работаат во оваа држава. Ова е само еден од начините за да се заштити работникот, но во иднина ќе треба да се вклучи и државата. Преку поголеми активноси и почести инспекциски надзори, ќе се елиминира работењето на црно, сметаат тие. За начинот на примена како и неговите ефекти, денес претставниците од Сојузот на синдикати на Македонија, експерти од земјава и странство, невладини организации, сериозно дискутираа во Струга.