Skip to main content

Стружани незнаат каде да се обратат

Граѓаните не се информирани на кој начин можат да ги пријавуваат секојдневните проблеми, кои се обврска на Локалната самоуправа.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Граѓаните не се информирани на кој начин можат да ги пријавуваат секојдневните проблеми, кои се обврска на Локалната самоуправа.

Стружани не знаат на кој начин да ги пријават проблемите и забелешките  од различни области, кои се обврска на локалната самоуправа. Овој проблем најчесто е потенциран во струшките села. Жителите, за да пријават во Локалната самоуправа  дека имаат некаков комунален проблем, одат лично во општинската зграда. Од анкетата која ја спроведовме во Струга, поголем број од граѓаните рекоа дека и тие кои живеат во градот, недоволно се информирани.

„Законот за територијална организација не обврза во секоја поранешна општина  да функционира барем една канцеларија, која ќе служи за сервисирање на потребите  на граѓаните“, објаснува секретарот на О.Струга.

opstinska zgrada“Во канцелариите има ангажирано референт, кој ни ги пренесува барањата, забелешките или поплаките, на жителите коиживеат околу или во поранешните општини“-истакна Зоран Гулицоски, секреар на општина Струга.

Овај начин,  во пракса не функционира на највисоко ниво, но некои од граѓаните го применуваат.

„Канцелариите ги отворивме за да не ги изложуваме жителите  на дополнителен трошок“, кажува секретарот.

Додека граѓаните од Струга за да нема потреба да одат лично во општината да пријават или достават некое барање, воведени се телефонски линии, кои функционираат во текот на работното време и се наменети за оваа цел.

Гулицоски кажува дека граѓаните можат да се јавуваат и да ги ги пријавуваат барањата или забелешките на телефонскиот број 781 335 или 781 223.  

Ако жителите  имаат потреба да достават барање за дозвола за градба,  администрацијата има донесено правилник во кој е јасно утврдено колкава такса треба да плати странката. Овој правилник не се однесува за социјалните случаи, потенцира Гулицоски.