Skip to main content

Средношколците во Струга на настава под ултиматум

Ќе се вратат на настава само доколку добијат писмен допис од министерството оти работат на решавање на проблемот.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Ќе се вратат на настава само доколку добијат писмен допис од министерството оти работат на решавање на проблемот.

Сеуште неизвесно, како средношколците во Струга ќе ја следат наставата во иднина. И по безброј  одржани состаноци помеѓу надлежните од локлната самоуправа, министерството, директорите, родителите, професорите како и учениците, сепак од тоа нема никаков позитивен ефект. Учениците не се појавуваат на настава, се додека како  што велат,  не добијат  писмен допис од министерството за образование,  дека работат на воведување на етнички смени.
Иако локната самоуправа постојано потенцираше оти не е за воведување на етнички смени, сепак по се изгледа попушта во тој став. Хајредини истакна дека во моментов просторните услови не го дозволуваат тоа и доколу би се воведил тој начин на одржување настава, би настанале двојни проблеми.

Niko Nestor„Во една смена би ги сместиле македонците но во другата смена нема да има место за албанците. Тогаш сме го решиле проблемот со илјада ученици а се отвара нов, со две илјади“- вели Џејми Хајредини, раководител на одд. за образование во о.Струга.

Не е начин со казнување да ги вратиме учениците во своите клупи, истакна Хајредини. Се трудиме максимално да воведиме услови од кои ќе бидат задоволни сите, додаде тој. И понатаму стоиме на нашот став дека етничките делби се најмалку добредојдени, но ако тоа е единствената пречка поради која се бојкотира наставата тогаш ќе воведеме, но само доколку министерството ги уреди просториите кај детското одморалиште, потенцира раководителот. Но и покрај делбите, никој неможе да гарантира оти нема да има тепачки, додаде Хајредини.