Skip to main content

Верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам

Со богата трпеза, роднините и пријателите го одбележуваат празникот. Во Струга се почувствува вистински празничен амбиент.

 |  Билјана Ќосеска  | 
cestitanje Bjaram
cestitanje Bajram
Со богата трпеза, роднините и пријателите го одбележуваат празникот. Во Струга се почувствува вистински празничен амбиент.

Муслиманите, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска изутринава во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот.

Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.Во текот на Рамазанкиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат  милостина на сиромашните. На овој  ден се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.  Струшкиот советник,  Беким Кица, ја повтори мисијата на муслиманите, дека на денешен ден треба да се заборави омразата и  недоразбирањата. Како и секоја, така и  фамилијата Кица, го негува традиционалниот обичај, во текот на првиот ден од Рамазан-Бајрам да ги посетат најблиските роднини и пријатели и да си разменат подароци.

Struska carsija„На тој ден, чекаме гости од фамилијата како и пријатели од другите националности“- истакна Кица.Годинава за прв пат празникот на муслиманите, Рамазан-Бајрам е државен празник, воедно не работен.

Скоро сите дуќани и угостителски објекти во Струга се затворени. Одамна не се почувствуваловаква празнична атмосфера. Единствено што ги зачуди стружани беше тоа што по улиците не се вееа албански знамиња