Skip to main content

Спорниот предавател на мобилниот оператор – „Вип“, сеуште стои

И после судската одлука за негово демонтирање, сеуште од државниот градежен инспекторат молчат. Жителите од улицата Маршал Тито веќе изгубија надеж дека надлежните ќе превземат мерки.

 |  Билјана Ќосеска  | 
predavatel VIP
predavatel VIP
И после судската одлука за негово демонтирање, сеуште од државниот градежен инспекторат молчат. Жителите од улицата Маршал Тито веќе изгубија надеж дека надлежните ќе превземат мерки.

И по осум месеци сеуште не е отстранет диво поставениот предавател во Струга. Горливиот проблем на жителите од улицата Маршал Тито од Струга сеуште официјално не e решен. Предавателот на третиот мобилен оператор, „Вип Мобилком Аустрија груп“ сеуште стои над покривот од приватен стамбен објект, веднаш до градскиот пазар.

Надлежните кои треба да го отстранат истиот молачат.

predavatelТвм во повеќе наврати побара да разговара со инспекторот кој е запознат со овој случај но скоро на секое јавување, добивавме ист одговор, дека никој од надлежните  во моментот не е тука. Нашата информативна редакција ќе настојува и понатаму да дознае дали предавателот ќе се отстанува. Жителите на улицата Маршал Тито пак,  веќе изгубија надеж дека институциите во нашата држава еднаш засекогаш  ќе профункционираат. Неодамна ТВМ информираше дека Министерството за транспорт и врски, го  подржа  тврдењето на жителите дека градбата е нелегална.
Граѓаните тогаш решение  бараа од сите надлежни органи, покренаа и судски процес во основниот суд во Струга.

Од таму е донесено решение во кое  барањето на тужителите за издавање привремена мерка-делумно се усвојува.

Во него, уште стои забраната за тужениот „Вип мобилком Аустрија Груп“, по донесувањето на решението да ја пушти во употреба антената.

Жителите ги известија  и државните градежни инпектори.
Сега неизвесно е кога и дали, нивната одлука за демонтирање на предавателот, ќе се реализира.