Skip to main content

Скандалозен извештај за состојбата со струшкото крајбрежје

Скандалозен е извештајот на општинскиот инспекторат од Струга во врска со актуелната состоба на крајбрежниот појас во овој дел, обвинија струшките советници на денешната седница на Совет. Од ВМРО ДПМНЕ побараа локалната самоуправа да сноси одговорност, а од СДСМ побараа ургнтно да се достави барање до државниот инспекторат во најскоро време да излезат со прецизен извештај за состојбата со струшкото крајбрежје.

 |  Николоска Биљана  | 

Струшките советници не беа задоволни од одговорот на општинскиот инспекторат кој се однесува на извештајот за состојбите на крајбрежниот појас. На денешната седница на Советот, тие од општинските надлежни служби побараа да испратат ургентно барање до државниот инспекторат за животна средина, нивните инспектори да излезат на увид со цел да се добијат попрецизни информации околу тоа што се случува на струшкото крајбрежје.

Секако дека инспекторатот мора да биде поажурен, не само во делот на крајбрежјето туку и во однос на целокупните состојби во општина Струга. Мора да се води сметка за она што го бараат граѓаните и проблемите да се решаваат побрзо во рамки на законските прописи“.

И покрај тоа што старата добра пракса на градската власт во немоќ да ги реши проблемите, топката ја префрла на Централната Власт, општинскиот инспекторат односно Локалната самоуправа е најнадлежна за решавање на проблемите, вклучувајќи го и проблемот со узурпацијата и уништувањето на крајбрежјето, вели советникот на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Пауноски.

Тие се вадат на тоа дека станува збор за приватни парцели меѓутоа сите знаеме дека на 50 метри од езерото тоа е заштитен појас и не може да се изведуваат градежни активности без одоберение од градоначалникот или од Министерството за животна средина. Ние како ВМРО – ДПМНЕ очекуваме да сноси одговорност несамо тие кои сега се ваѓаат за ненадлежни туку ја повикуваме и централната власт која цело време се вадат дека локалната самоуправа е одговорна“.

Сличен е ставот и на советниците од Алијансата за албанците од каде сметаат дека инспекторатот мора да ја врши својата работа и детално да ја каже состојбата на крајбрежниот појас.

Тоа не беше извештај, се може да биде само не извештај. Беше подготвен на непрофесионакен начин значи топката се префрла од општинско на централно ниво. Градоначалникот се обиде да даде усмен извештај само да го оправда овој скандалозен извештај.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не гледа ништо лошто во тоа да се уреди и струшкиот дел на крајбрежјето онака како што доликува на еден современ туристички центар, а не делови од него да се гнезда на змијарници.

Ние сме за создавање на поволни услови и одржливост на крајбрежјето, во никој случај тоа да не делува врз уништувањето на флората и фауната, но во секое време сме за правење на подобра понуда за сите гости кои што доаѓаат во Струга“.

Инаку Советот на општина Струга денес ја одржа својата 9 та по ред седница на која покрај извештајот за крајбрежјето се дискутираше по уште 25 точки.