Skip to main content

При крај е изградбата на претоварната станица на струшката депонија

За брзо време ќе биде пуштена во употреба претоварната станица на струшката дива депонија. Хрватската компанија забрзано работи на изградба на станицата по европски терк. Команалниот отпад во станицата ќе се пресува и во специјални контејнери ќе се транспортира на друга локација, најверојатно на Дрисла.

 |   | 

При крај е изградба на претоварната станица кај струшката дива депонија. Тука отпадот од Струга и околните населени места ќе се пресира и потоа ќе се транспортира на депонијата Дрисла во Скопје или на некоја друга локација. Екипи од компанијата производител на опремата Техникс од Хрватска се на терен и забрзано работат на проектот за кој  тврдат дека е беазиран врз европски искуства и стандарди.
„Нашата обврска е до крајот на реализацијата на овој проект каде ние ја монтираме , ја пуштаме во употреба опремата и ги обучуваме луѓето кои ќе бидат овде поставени од страна на општината“, рече Муса Бакиу од компанијатаТехникс.
Струшката станица иако е слична со онаа во Тетово и Скопје, ќе биде со најголем капацитет во Македонија. Во неа ќе се депонира и пресува само комунален отпад.
„Претоварната станица во Струга за кратко време ќе биде пуштена во употреба. Капацитетот на претоварната станица ќе биде од 80 до 100 тони на 24 часа. Потоа камионите од градот Струга ќе доаѓаат овде и ќе се истовараат каде преку автоматски систем ќе бидат пресувани во роло контејнери по што ќе се носат во депонија каде ќе се истовараат“, објаснува Бакиу.
Инаку еден контејнер за транспорт на пресуван отпад ќе има капацитет од 25 тони. Покрај пресување и одлагање на отпадот на друга локација, експерти препорачуваат на претоварната станица да се врши и селекција и преработка на отпадот преку посебен систем.
Стружани подолг период бараат комплетно решение на проблемот со струшката дива депонија. Иако Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше брзо справување со проблемот,  на  депонијата која е покриена со земја поради случаите со нејзино палење, сеуште се одлага отпад. Од струшката локална самоуправа велат дека се разгледуваат понуди од комапнии заинтересирани од тој отпад да произведуваат гас.