Skip to main content

Небезбедна за пиење водата во градскиот водовод во Струга

Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина  Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.

 |   | 

Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина  Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28ми номври, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ке информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.