Skip to main content

Инспекторите на Државниот градежен инспекторат излегоа на терен во контрола на плажите на Охридско-Струшката ривиера

Министерот за транспорт и врски најави дека веќе е во процедура Законот за измени на законот за градежно земјиште, со којшто треба да се дефинира начинот на кој државата ќе стопинисува со плажите и дека очекува деновиве државата да го преземе стопанисувањето со плажите на Охридското, Преспанскиото и Дојранското Езеро.

 |   | 

Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање.

„Наназад се вршени контроли , пред неколку години и во овој период пред година и година и нешто, дел од ова што ми беше поставено, ја префрлаа надлежноста општинските и државните инспектори меѓу себе, така да сега ќе видиме со оваа контрола сите неправилности коишто се мора да се отстранат. Ние во моментов побаравме да видиме да се изврши надзор за да видиме не само во која ситуцаија се плажите туку и за да видиме за договорите за кои претходно кажав дека голем дел се истечени“ рече Горан Сугарески Министер за транспорт и врски Република Северна Македонија.

Сугарески објасни дека веќе е во процедура Законот за измени на законот за градежно земјиште, со којшто треба да се дефинира начинот на кој државата ќе стопинисува со плажите, па така тој очекува деновиве државата да го преземе стопанисувањето со плажите на Охридското, Преспанскиото и Дојранското Езеро. Треба да се напомене и дека на поголемиот број од плажите издадени под концесија на охридско-струшката ривиера концесиите им се истечени. Ниту една плажа не е вратена во првобитна состојба како што предвидуваат договорите, а дел од нив непречено работат како угостителски објекти. И додека струшкиот градоначалник Рамиз мерко неодамна кажа дека е понижување одземањето на ингеренциите со плажите на Охридското Езеро и дека е можно да се откаже од функцијата поради тоа, в.д градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, со став дека акт донесен од собранието, треба да се почитува.

„Јас можам да дадам сопствено мислење, државата кога ќе донесе закон, тука не станува збор за прифаќање и не прифаќање, тоа е акт доенсен од соодветна институција парламент и тука нема многу прифаќање и неприфаќање.Не, не на крајбрежјето нема. Имаме ние како Општина Охрид проблем со дива градба , но од таков обем како што има наводи дека се случува во Струга, во Охрид нема. Имаме ние проблем со постапката за издавање на плажите под концесија, тоа се објекти кои претходно се изградени, договорите беа истечени, имаше нов повик, меѓутоа тој повик сеуште не е завршен, а правните лица обавуваат дејност на тие плажи“, кажа Константин Георгиески – в.д. Градоначалник Општина Охрид.

Инаку од почетокот на овој месец во повеќе наврати медиумите известуваа за тоа дека одредени парцели помеѓу Струга и Калишта се тампонираат, дека се поставуваат бетонски огради, дека се пали трска и друга вегетација среде бел ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут.