Skip to main content

Општина Дебрца, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП)

Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина.

 |   | 

Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина.

Општина Дебрца имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП). ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.

Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАПот е од суштинско значење, поради што општина Дебрца ја повикува целата јавност во изразување на своето мислење преку пополнување на анонимен анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина. Во продолжение ќе го најдете линкот до прашалникот што може електронски да го пополните.

Исто така, сите оние граѓани кои активно сакаат да земат учество со свој допринос во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП ги охрабруваме да се пријават и да ги остават своите податоци во општина Дебрца.

Прашалникот ќе биде активен во период од еден месец од денот на објавување на соопштението.