Skip to main content

Семејна драма во Татеши

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „одземање на дете“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од струшкото село Горно Татеши.

 |   | 

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, лицето казнените дела ги извршил на 27 март оваа година, во стан на Кеј „8 Ноември“ во Струга, со вербална распрвија и физички напад врз невенчаната сопруга. Потоа, насилно и ја одзел малолетната ќерка.