Skip to main content

Митре Милошевски: Да направиме од градот убаво и квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани

„Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме Реконструкција на градскиот плоштад  „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување“.

 |   | 

„Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад. Охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и пријатно поминато слободно време. Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот.

Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат. Затоа ние нема да застанеме тука со уредување и реконструкција на плоштадите, како и со реализацијата на многу други проекти од Програмата“, истракна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.